454
Германската железница (ДБ) за цела измината година им исплатила вкупно 53,6 милиони евра отштета поради доцнења на возовите. Своето право на жалба го искористиле 2,7 милиони патници.
Тоа е за една третина повеќе во споредба со претходните две години, а причината е што секој четврти воз на меѓународните линии доцнел.
Како причини за толкавиот број доцнења, ДБ ги посочи „бројните надворешни влијанија”, пред сѐ временските услови.