Германија го олеснува патот до државјанство

by Fokus

Германската влада постигна договор за нов закон за државјанство со кој се олеснува процесот на натурализација.

Истовремено, доделувањето државјанство во некои случаи ќе биде целосно исклучено. Германски пасош нема да можат да добијат личности кои направиле кривично дело поврзано со антисемитизам, расизам и слични дела од омраза.

Новиот предлог-закон го изработи министерството за внатрешни работи, во договор со министерството за правда, дознава ДПА.

Дополнителен предуслов за натурализација ќе биде личноста да може да заработува доволно за своите и потребите на семејството, без исплата на социјална помош, иако ќе бидат можни исклучоци.

„Кој ќе стане германски државјанин, ќе мора да се посвети на живот во нашето слободно и разнолико општество. Но, кој не ги дели нашите вредности, не може да стане Германец“, кажа министерката за внатрешни работи Ненси Фезер.

Според новиот закон, се скратува траењето на минималниот престој за добивање германско државјанство од осум на пет години. Во случаите на успешна интеграција во германското општество, доволни ќе бидат и три години.

Поврзани новости