Германија го олесни влезот на работници од земји надвор од ЕУ

by Fokus

Во Германија од денеска стапија во сила новите правила во врска со визите за квалификувани работници од земјите надвор од Европската унија, кои овозможуваат влез во земјата и барање работа до 1 година, под услов да се исполнат одредени критериуми.

Друг елемент од правилата што ќе стапат во сила од денеска во Германија е проширувањето на прописите за државјаните на земјите од Западен Балкан, соопшти германското МВР.

Според ова правило, работниците од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Република С. Македонија, Албанија и Косово можат многу полесно да одат во Германија на неопределено време, и тоа до 50.000 годишно, што е двојно повеќе од претходно, се наведува на сајтот на тамошното Министерство.

Поврзани новости