Германија ги затвори последните нуклеарни централи

by Фокус

Германија ги исклучи и последните три нуклеарни централи од електричната мрежа, ставајќи крај на нуклеарната енергија во земјата по 60 години.

Трите последни останати нуклеарки во Германија, Исар 2 во Баварија, Емсланд во Долна Саксонија и Некарвестхајм 2 во Баден-Виртемберг, беа исклучени.

Затворањето на последните три нуклеарки беше прославено од активистите за заштита на животната средина и дел од политичарите, но и беше критикувано од конзервативните партии.

Две од овие три нуклеарки требаше да бидат затворени уште минатата година, но поради руската инвазија на Украина и енергетската криза предизвикана од војната германската влада реши да продолжи да ги користи додека да помине зимата.

Поврзани новости