Германија ги избриша сите држави и региони од листата на високоризични

by Fokus

Германските власти донесоа одлука за бришење на сите држави од листата на високоризични, кога станува збор за епидемијата на коронавирусот.

Со ширењето на сојот омикрон коронавирусот покажа дека е намалена неговата способност да предизвикува потешки форми на болеста, поради што како региони со висок епидемиолошки ризик се сметаат оние каде се шират поопасните соеви, се наведува во образложението на таквата одлука.

Шеесет и две држави и региони ќе бидат избришани од германската листа високоризични.

Сојузните власти и покраините на последниот „корона самит“ одржан минатиот месец усогласија измени во правилата за впишување на држави и регони на листата високоризични. Измените значат олеснување на патувањата и за Германците оттаму што се укинува мерката задолжителен карантин по враќањето.

Во иднина на листата високоризични ќе бидат впишувани оние држави и региони каде има ширење на зараза со поопасни соеви на коронавирусот, односно поинфективни соеви од омикронот.

Иако сега листата на Берлин за високоризични е празна, германските власти не исклучуваат можност ситуацијата да се промени.

Поврзани новости