Германија: Барањето на Русија за плаќање на гасот во рубљи го прекршува договорот

by Fokus

Франс прес пренесува дека Германија одговорила на барањето на рускиот претседател дека сите „непријателски земји“ во иднина мора да плаќаат за рускиот гас и нафта во рубљи.

„Ова е прекршување на договорот“, порачале од Германија, пренесува АФП.

Путин денеска изјави дека Москва отсега ќе бара од „непријателските земји“ увозот на рускиот природен гас да го плаќаат исклучиво во рубли.

На состанокот со државните претставници, Путин рече дека „голем број западни земји донеле нелегитимни одлуки за таканареченото замрзнување на рускиот имот“ и дека тоа ја довело во прашање веродостојноста на валутите на тие земји и ја поткопа довербата во нив.

„Нема смисла да испорачуваме наши стоки до Европската унија и САД и да добиваме долари, евра и многу други валути за тоа“, рече Путин.

Поврзани новости