Германскиот канцелар Олаф Шолц отпатува во својата прва посета на Вашингтон откако ја презеде функцијата, во услови на зголемени прашања за посветеноста на Берлин кон неговиот клучен сојузник на САД во украинската криза.
Предвидено е Шолц денеска да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа.
Германија се соочува со притисок од САД за усогласување на со позицијата на Вашингтон. Сомнежите за трансатлантската алијанса се појавија делумно поради посветеноста на Берлин за проектот за гасоводот Северен поток 2 со Русија, што САД и земјите од Источна Европа остро го критикуваа, како и поради неподготвеноста на Берлин да испорача оружје на Украина.
– Ние не доставуваме оружје во кризните области… не испорачуваме смртоносно оружје во Украина, изјави Шолц пред посетата на САД.
Во Вашингтон од Шолц ќе биде побарано целосно и јасно објаснување за ставот на Германија за Северен поток 2. Гасоводот што ги поврзува Русија и Германија е завршен, но се уште не е пуштен во употреба.
Со надеж дека ќе ја смири кризата на истокот од европскиот континент, францускиот претседател Емануел Макрон пак денеска оди во Кремљ за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.
За францускиот неделник „Ле Поан“ ова патување на Емануел Макрон за Русија претставува „игра на покер“. .Шефот на француската државата ќе оди во Москва за да се сретне со Владимир Путин таму: прво негово патувања за некој кој никогаш претходно не бил во Кремљ и кој се надева на значителен напредок на патот кон деескалација во Украина.
Според „Журан ди диманш“, разговорите ќе се одржат во понеделник попладне и навечер. Не е поставено временско ограничување, а двајцата шефови на држави ќе се сретнат сами – исклучиво придружувани од преведувачи и лица кои земаат белешки.
Состанокот очи в очи е замислен за да промовира најотворен можен дијалог, без присуството на нивните соодветни тимови да влијаат врз двајцата претседатели. Последната средба меѓу двајцата претседатели датира од мај 2018 година, во просторот на палатата Константин во Санкт Петербург. Во тоа време, потсетува Журнал ди диманш, Владимир Путин веќе изјави дека дијалогот „секогаш е подобар од конфронтацијата“.