Германец во Ровињ снимал голи деца со рачен часовник

by Fokus

Во хрватскиот град Ровињ уапсен е 54-годишен германски државјанин. Се товари дека сторил кривично дело искористување деца за порнографија.

Хрватските медиуми објавија дека тој е осомничен дека на 1 јули, околу 17 часот, на базен во туристичко место во Ровињ снимал голи деца со рачен часовник со интегрирана микрокамера.

Чуварот го забележал човекот и го задржал до доаѓањето на полицајците, кои го уапсиле мажот.

Во рамките на кривичната истрага, врз основа на судска наредба, полицијата извршила претреси и му ги одзела лаптопот, мобилниот телефон и двата рачни часовника, а при претресот биле пронајдени фотографии и видеоснимки со инкриминирачка содржина.

Поврзани новости