Герила акција: Литро крв за една потрошувачка кошничка

by Fokus

Урбана герила на Центарот за современи уметности (ЦСУ) организираше нова акција на улиците на Скопје. На плоштатчето кај Службен весник на „Партизанска“ денеска минувачите можеа да видат герила акција: „Литро крв за една потрошувачка кошничка“.

„Акцијата „Литро крв за потрошувачка кошничка“ е инспирирана од денешните највави за бојкот на маркетите поради енормно зголемените цени во последно време. Секојдневно сведочиме на ценовен хаос и поскапувања кои водат до се поголем пад на животниот стандард. Цените токлу брзо се менуваат што граѓаните се почесто во маркетите се шегуваат со вработените велејќи им „држи ја цената додека да извадам пари“.

Со оваа акција ние како уметниици даваме активна поддршка на бојкотот на маркетите и се надеваме дека ваквите акции ќе извршат доволна мобилизација на граѓаните за да се креира притисок кон носителите на одлуки сериозно да се зафатат со проблемот на превисоките цени во маркетите а и на пазарите (иако земјоделците се соочуваат со исклучително ниски откупни цени на своите производи) и конечно властите да почнат да носат одлуки и решенија во корист на граѓаните, а не на крупниот капитал чиј интерес е единствено профитот.

На крајот само сакаме да ги потсетиме креаторите на кризи и оние трговци кои спроведуваат не фер трговски практитки дека најлошото место во пеколот е резервирано за алчните трговци“ порачаа организаторите на акцијата.

Поврзани новости