379
Кабини со „бесплатен планински воздух” денеска беа поставени на две локации во Скопје во герила акцијата на екипата наречена „Урбани уметнички акции“.
Кабините беа поставени во Буњаковец и кај пазарчето во Аеродром со цел, како што велат организаторите на акцијата, да им се помогне на граѓаните барем малку да подишат чист воздух.
Тие велат дека акцијата ќе продолжи и наредните денови, а по Скопје, акцијата ќе биде спроведена и во Тетово.
Фото: НоваТВ