462
Гери Халивел, поранешна членка на култните „Спајс грлс“ вчеравечер го прослави својот 50-ти роденден во Оксфордшир, Англија.
Она што привлече посебно внимание е тоа што на забавата биле поканети сите членки на групата со своите партнери. Иако прославата била организирана со задоцнување од 3 месеци тоа не ги спречило гостите одлично да се забавуваат.
Забавата била организирана во семејната вила на Гери, а притоа светските медиуми истакнаа дека за оваа гала вечера биле издвоени дури 456.000 евра.