Герет Саутгејт реши да си поднесе оставка од позицијата селектор на Англија по второто загубено финале на европските првенства.
Тој беше селектор од 28 септември 2016 и селекцијата ја предводеше на 102 натпревари.
After 102 games and almost eight years in charge, Gareth Southgate has announced he is to leave his role as manager of the #ThreeLions.
— England (@England) July 16, 2024
Најкритикуваниот селектор на репрезентативната сцена повторно беше на мета на навивачите, јавноста и речиси целиот свет поради начинот на кој играше Англија на Европското првенство во Германија кое заврши во неделата.
Во финалето Англија загуби од Шпанија со 2-1, а многумина се незадоволни од играта, избраниците на Саутгејт играа дефанзивно и многу често безидејно, а видливо беше дека се потребни промени.
Со „Гордиот Албион“ тој запиша 64 победи, имаше 20 нерешени и претрпе 18 порази, постигна 230 и прими 86 погодоци.
Англија со нов селектор ќе влезе во следното издание на Лигата на нациите и Светското првенство во 2026 година.