623
Германскиот амбасадор Томас Герберих оценува дека се реални шансите нашата земја да добие датум за почеток на преговори пред мајскиот самит на ЕУ во Загреб.
-Ставот во целина е позитивен. Во моментов според мене, има добри изгледи пред самитот во Загреб да се започне со пристапни преговори со Северна Македонија. Ја даваме нашата поддршка и остануваме партнери во рамките на ЕУ во оваа насока, вели амбасадорот Герберих во интервју за емисијата Трилинг на ТВ 24.
Амбасадорот додава и дека, според него, донесувањето на законот за Јавно обвинителство ќе биде од корист за започнувањето на преговорите.
-Сега ќе зависи од опозицијата во Парламентот и владината коалиција да постигнат согласност, и по можност брзо да го изгласаат законот, вели Герберих.