ГЕРБ утре ќе го добие мандатот за формирање на влада

by fokus

Вториот мандат за формирање влада на Бугарија претседателот Румен Радев утре ќе го предаде на втората по големина парламентарна група во 46. Национално собрание – Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) .

Од неговиот кабинет соопштија дека мандатот ќе го предаде во 9.30 по локално време, пренесува БГНЕС.

Од ГЕРБ претходно изјавија дека веднаш ќе го вратат мандатот, но сепак ќе претстават состав на Министерскиот совет. Даниел Митов повторно ќе го прифати и ќе го врати досието на претседателот.

Според лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, партијата ќе претстави премиер и кабинет за да можат другите да се споредуваат.

Поврзани новости