1
Првичните резултати од изборите во Бугарија покажуваат дека во убедливо водство се ГЕРБ и коалициониот партнерд СДС. Како што пренесуваат бугарските медиуми, согласно пребројаните гласови тие имаат освоени 67 пратенички мандати. Сепак, како што пренесуваат бугарските медиуми, партијата е далеку од можноста сама да формира влада.
На второ место е ПП-ДБ на Кирил Петков со 37 освоени столчиња во Собранието, а веднаш до нив е Возраждане, деснишарската партија со 35.
Според првично преброените гласачки ливчиња 9 партии го надминале прагот за влез во Собранието.