Герасимовски: Одложување на пописот може само ако состојбата е загрижувачка

by Fokus

Дончо Герасимовски, поранешен директор на ДЗС во Студио 10 рече дека секој очекувал попис заради потребите и значењето на самите резултати за државата. Укажа дека пописот е потреба за самата држава и добро е што дојде до усогласување на самите подготовки за пописот.

„Со последните препораки од економската комисија на ОН за Европа на Евростат дека во самиот вовед на истите препораки пишува дека надлежна институција за подготовка, организирање, спроведување и публикување на резултатите од пописот е надлежната статистичка организација. Тоа е Државниот завод за статистика. Одложување на пописот може само ако состојбата е загрижувачка, и за тоа да даде препорака Институтот за здравство и министерството“ – вели Герасимовски.

 

Поврзани новости