Герасимовски: Контејнерите преполни со ѓубре, Град Скопје не исчисти ни викендов

by Fokus

Градоначалникот Горан Герасимовски информираше дека Општина Центар сабајлево повторно се соочи со смет на улиците каде што надлежност има Град Скопје. И ова утро, жителите на Центар се соочија со истата грда слика од минатата недела, Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска го немаат исчистено ѓубрето од центарските улици каде што имаат надлежност.

Герасимовски потенцираше дека сметот е отстранет од страна на општинските служби.

„Во непосредна близина кај училиштето „Коле Неделковски“ е жална сликата секој понеделник и вторник да се случува истото, децата и родителите да прерипуваат преку ѓубрето за да стигнат до училиштето. Сметот не е отстранет низ неколку локации во Центар. Сабајлево, сметот е отстранет од страна на нашите служби. Постојано ги повикуваме Комунална хигиена, одговорот е недоволен број на вработени и стара дотрајана механизација која е делумно расипана. Ова не е оправдување, многу одамна градоначалничката Арсовска не учествува ни на состаноците на ЗЕЛС, на скопски плански регион каде што треба да се разговара на овие теми, да се решаваат проблемите на жителите не само на Општина Центар, туку на ниво на Град Скопје“, истакна Герасимовски.

Toj посочи дека на овие состаноци има многу за што да се разговара и да се предложи, но за жал на тие состаноци не присуствува ниту член од Град Скопје, ниту градоначалничката, ниту пак дополнително се праќа некоја замена која ќе ги ислуша сите градоначалници со што се се’ соочуваат и што се препорачува за да се решаваат проблемите.

„И мене не ми е јасно и затоа се екипиравме. Нашите вработени со целосна механизација што ја имаме за да ја завршиме нивната работа. Не ми целта да ги префрламе ингеренциите, односно цело време да се правдаме, туку си ги засукавме ракавите и ги решаваме проблемите кои и они не можат да ги решат“, рече Герасимовски.

Тој потенцираше дека неколку пати имаат побарано да се размисли за преземање на ингеренциите на јавното претпријатие Комунална хигиена.

„Чим ние, со нашиот број на вработени и со оваа механизација успеваме делумно, не целосно да го решаваме проблемот, јас сум сигурен дека доколку ни се дадат поголеми ингеренции, поголема механизација и поголем број на вработени хигиената ќе биде на доста повисоко ниво“, изјави Герасимовски.

Поврзани новости