Герасимовски: Исчистен сметот во населбата Пролет

by Fokus

Општина Центар соопшти дека денеска ги исчистила јавните површини во населбата Пролет како важен чекор за создавање почисто и поубаво опкружување за сите центарци.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски потенцираше дека во акцијата за чистење активирана е целата механизација на општината со хигиеничарите кои секој ден работат во две смени.

– Во текот на денешниот ден, го подигнавме сметот и ги исчистивме улиците во населбата Пролет. Решавањето на комунални проблеми се еден од нашите приоритети за работа. Центар мора да биде пример за чистота, не смееме да дозволиме жителите секое утро кога одат на работа и училиште да гледаат контејнери преполни со неисчистен смет. Апелирам до граѓаните да пријавуваат смет и диви депонии, брзо реагираме и ги решаваме проблемите. Продолжуваме со акцијата во сите населби во Центар, создаваме поубава и поуредна општина за сите нас, посочил Герасимовски.

Поврзани новости