Герапетритис: Новиот политички и државен врв на Северна Македонија систематски го прекршува Договорот од Преспа

by Fokus

„Државниот врв на Северна Македонија систематски го прекршува Договорот од Преспа“, вели министерот за надворешни работи на Грција – Јоргос Герапетритис во писмена изјава за денешното издание на грчкиот весник „То Вима“.

Шефот на грчката дипломатија посочи дека „Грција претставува столб на стабилноста во поширокиот регион на источниот Медитеран, имајќи го значително надградено својот дипломатски капитал благодарение на принципиелната надворешна политика што ја спроведува“.

– Грчката страна го истакна прашањето за посветеноста на сите членки на НАТО кон меѓународното право и меѓународните договори, што ја претставуваат основата на глобалната безбедносна архитектура. Посебно осврнување имаше на должното верно почитување на Договорот од Преспа, чиешто јадро систематски го прекршува новото политичко и државно раководство на Северна Македонија – вели Герапетритис во изјавата.

Тој истакнува и дека на јубилејната конференција на НАТО „беше изразено убедување дека Северноатлантската алијанса изврши важна работа за стабилноста и просперитетот, придонесувајќи за безбедноста и мирот во светот“, став, кој според него го делат не само членките на Алијансата, туку и претставниците на Европската унија.

Поврзани новости