619
Ракометарот на Вардар, Гоце Георгиевски преку социјалните мрежи напиша емотивна порака по повлекувањето на Столе Стоилов и Филип Миркуловски од репрезентативниот дрес.
„Македонија треба да биде горда што имаше вакви борци што го даваа својот максимум и се бореа за репрезентативниот дрес. Вие сте пример за идната генерација како треба да се игра за својата држава,а мене ми претставува особена чест и задоволство што имав таква привилегија да играм со вас и заедно да ги прославуваме сите репрезентативни успеси“, напиша Џомба на социјалните мрежи.
Фото – 24 ракомет