Во 2014 година во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ, кога премиер беше Никола Груевски, беа издадени најмалку 70 книги во кои пишува дека населението во Македонија е бугарско. Ова во објава на Фејсбук го пишува поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен лидер на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски.
Тој вели дека книгите кои биле издадени од Министерството за култура во 2014 година финансирани од македонскиот буџет, биле дел од едицијата „Про Македонија“.
-Ајде уште еднаш да појаснам зошто очигледно некои луѓе потешко разбираат. Во 2014 година во време на влада на ВМРО-ДПМНЕ, премиер Никола Груевски, со пари од македонскиот буџет, Министерството за култура на Република Македонија објавува едиција „Про Македонија“ во која во најмалку 70 книги пишува дека населението во Македонија е бугарско. Автори се војводи, комити, илинденци и странски автори. Паралелно со тоа архивот на Македонија во време на ВМРО-ДПМНЕ додека е директор Зоран Тодоровски објавува уште најмалку 50 книги каде исто пишува дека населението во Македонија е бугарско. Со овие документи, за жал, испаѓа дека во ВМРО-ДПМНЕ се најголемите платеници на бугарските служби“, пишува Георгиевски.