Георгиевски: Влезот на Бугарите во Уставот не е проблем

by Fokus

Проблемот со Бугарите во Уставот е проблем кој сами си го правиме, вели Љубчо Георгиевски во емисијата 24 анализа.

Според Георгиевски, францускиот предлог на Македонија ѝ понуди добро решение, а на Бугарија излезно.

– Темата беше од историјата да се префрли на малцинските права и сметам дека Македонија во овие 30 години имала големи проблеми пред себе, решавала тешки задачи и се соочила со многу обврски. Овој проблем дури и не е проблем. Влезот на Бугарите во Уставот не е проблем. Ова е премногу непотребен луксуз за Македонија за да застане тука и да не оди по патот на ЕУ. Се соочуваме со ситуација каде бугарската политика пред ветото, влезе во лош наратив – вели Георгиевски.

Поврзани новости