Георгиевски: Советниците на ДПМНЕ ја блокираа општината за да се солидаризираат со притворените учесници и организатори на крвавите настани

by Fokus

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ сака да ја блокира работата на Општината Гази Баба, информираше денеска на прес-конференција градоначалникот Борче Георгиевски.

„Со тоа што ВМРО-ДПМНЕ поради наводна солидарност со притворените учесници и организатори на крвавите настани во Собранието на 27, на предлог од претседателот на Советот поддржан од советниците од ВМРО-ДПМНЕ, спречи да се донесе нацрт буџетот на општината. Наместо да одберат развој и буџет на општината, ВМРО-ДПМНЕ одбра да постапи по наредба на Никола Груевски. Ова не е прв пат ВМРО-ДПМНЕ да се обиде да ја блокира работата на Советот на општината“, рече градоначалникот.

 

Поврзани новости