Георгиевски: Немаше голем интерес за независност во 1991

by fokus

Немаше многу заинтересираност за независност во 1991 година и претходно, јас се борев со тие пројугословенски политичари и ставови, вели поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-НП, Љупчо Георгиевски.

-Многу македонски политичари беа тивки и исплашени – рече Георгиевски на Сител, и додаде дека тогаш бил голем стравот од ЈНА дека ќе направи пуч и ќе ги затвори сите што се залагат за независност на Македонија.

Тој го спомена конфликтот во 2001, посочувајќи дека идејата за размена на територии и население со Албанија не била само негова, туку била иницирана и од академците од МАНУ, кои потоа се повлекле.

-Чудни се луѓето кои порано не сакаа размена на територии со Албанија, а денеска се селат од Чаир во другиот дел на Скопје и им пречи кога во нивната зграда ќе се всели албанско семејство – вели Георгиевски .

Поврзани новости