907
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во вечерашното интервју на ТВ 24 рече дека кога тој бил премиер не постоел членот за злоупотреба на службената положба и затоа не ја истражувале приватизацијата која ја спроведе Бранко Црвенковски.
-Зошто ние не го чепкавме Бранко за приватизацијата? Затоа што тогаш не постоеше членот 353, односно „Злоупотреба на службената положба“. Тој член во комунизмот го имаше, потоа го укинаа и правеа што правеа осум години. Потоа ние го вративме тој член за да се заштитиме од корупција, рече Георгиевски.