Георгиевски: На левичар во Македонија му личи да зборува и плука по Ванчо Михајлов

by Fokus

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека ВМРО е име кое прво Тодор Александров и Ванчо Михајлов го поставиле на меѓународната сцена.

-ВМРО е име кое прво Тодор Александров и Ванчо Михајлов го поставуваат на меѓународната сцена. Во времето на Гоце, на Даме, во времето на тие историски личности тоа е БМРО, ТМРО, значи внатрешно-македонска… но никогаш само ВМРО. Самото име е име на Тодор Александров и Ванчо Михајлов, посочи Георгиевски.

Според него, на левичар во Македонија му личи да зборува и плука по Ванчо Михајлов.

-Според мене, на некој левичар во Македонија му личи да зборува и плука по Ванчо Михајлов, со оглед на тоа дека убивал левичари, убивал комунисти и му личи на некој што се смета за левичар во Македонија да плука против Михајлов. Меѓутоа за некој што се смета за десничар или екстремен десничар да плука против Ванчо Михајлов или да се нарекува вмровец, мислам дека нешто згрешил со својот образовен систем и со својата идеолошка матрица како десничар, вели Георгиевски.

Поврзани новости