Тој оценува дека југословенската историографија ја призна македонската нација како најмлада на Балканот, а дека Никола Груевски со антиквизацијата и нанесе тежок удар.
-Треба да ги признаеме заслугите на Зоран Заев поради неговата желба за пријателство со Бугарија. Во Македонија се создаде кампања дека Бугарија бара да се промени Уставот на Македонија, што не е точно, од друга страна, многу лошо ќе биде ако Бугарија стави вето за Македонија пред Европската Унија, порачува Георгиевски и нагласува дека Заев и Бојко Борисов треба да изнајдат решение со кое ќе се тргне кон историско доближување.
Љубчо Георгиевски вели дека често пати е критикуван во Македонија дека застапува бугарски ставови, па нагласува дека со ова интервју ќе се обиде да биде адвкат на Македонија. Вели дека ако до пред четири пет години за добивање на бугарски пасош лицата се критикувале и „биле распнувани на крст“, дека сега тоа е нормална работа, како што е нормално, вели, да се засвират и бугарски песни во кафеани, а не само српски.
-Македонското општество е сè уште под два јарема, едниот е комунистичкиот, а другиот е антиката на Никола Груевски, со која нè уби. Тогаш луѓето одеднаш почувствуваа дека имаат 4.000 години историја. Интересно, имаше многу фалсификати и во оваа и во комунистичката историја, но имаше и факти. Комунистичката идеологија тврдеше дека македонската нација е последната нација на Балканот, а со антиката одеднаш од најмлада, станавме најстар народ не само на Балканот, туку и во Европа и пошироко, анализира Георгиевски .