Георгиевски и Бучковски бараат Бугарија да ја искористи подадената рака на Заев

by Фокус

Бугарија засега не ја користи подадената рака на Зоран Заев, смета поранешниот премиер Љубчо Георгиевски кој на ТВ 21 изјави дека по доаѓањето на Заев на власт влезено е радикално со пријателство со источниот сосед.

-Во Бугарија како некоја општа позиција, и таму има негативно чувство дека Македонија прави малку за тоа добрососедство. Се соочив со една тврда позиција со нивните претставници, навистина кога ќе се гледа во контекст на 30 години или на 70 години, навистина една малку непријателски тон од Македонија не може да не се констатира. Но она што сакав да го ставам маса, сепак, во последните две години, по доаѓањето на Заев, тој влезе во радикално во пријателство со Бугарија, и дека тие не смеат да го испуштат тој момент. И сега тоа е парадокс, кога има влада која пружа рака, тие одбиваат – вели Георгиевски.

На ист став е уште еден поранешен премиер, Владо Бучковски, кој истакна дека не е невозможно да се дојде до договор до декември.

-Не навредува дека кога ни го негираат јазкот, идентитетот… И, за жал, го искористија ветото. Меѓутоа тие, сепак, потврдуваат дека вратата е подотворена. Иако е тешка позицијата, тешко ќе се дојде до решение, тоа не е невозможно, пред се поради блискоста на Заев и на Борисов. Едноставно веќе не е табу тема дека имаме заедничка историја со Бугарија – истакна Бучковски.

Поврзани новости