Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски, актуелен лидер на ВМРО-НП, реагира кон тврдењата дека негов кадар бил довчерашниот директор на Фондот за здравство Ден Дончев, кој си поднесе оставка од семејни и здравствени причини.
„Ден последен пат бил мој кадар на изборите 2006 и тогаш кога стана пратеник набрзо почна самостојно да се договара. Со појавата на Обединети за Македонија и формално помина таму каде стана генерален секретар. Како што разбрав, и таму по првите избори ги напуштил и заминал за Австралија. Повторно се појави пред изборите 2016 и ни во една од партиите немаше расположение за него. Но, ни беше наметнат од страна. Од повеке фактори од страна! Но тогаш сите бевме во коалиција против режимот.Од изборите до пред еден месец очи му немам видено…“, напиша Георгиевски на фејсбук.
Инаку, Георгиевски и Дончев своевремено соработуваа во ДПМНЕ и НП, а на последните парламентарните избори заеднички настапија во коалицијата „ВМРО за Македонија“.