Георгиевски до ВМРО-ДПМНЕ: Оставив 3 милиони евра во општинската каса

by Фокус

Ако некој сакал да „испумпува пари“ немало во касата на општина Гази Баба да остави цели 3 милиони евра и ниту денар долг, реагира ексградоначалникот на Гази Баба Борис Георгиевски, откако ВМРО-ДПМНЕ обвини дека општината за време на мандатот на Георгиевски испумпувала пари преку 3 тендерски постапки за улично осветлување.

„Новиот градоначалник на Гази Баба да не чека ниту минута и веднаш да формира комисија која на терен ќе изврши надзор за реализацијата на оваа тендерска постапка. Комисијата врз основа на документацијата лесно може да утврди кога и каде се поставени новите улични линии.

Најодговорно тврдам дека сите предвидени активности со посочената постапка се уредно извршени за што постојат и соодветни налози. Мојата работа во општината Гази Баба изминатите четири години ја водев домаќински, оставајќи на новиот градоначалник 3 милиони евра полна каса и уште поважно ниту денар долг.

Оставајќи општина со започнати проекти за водовод, канализација, нови училишта, сали и детски градинки кои само треба да бидат продолжени“, реагира Георгиевски.

Притоа, тој побара јавно извинување од портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Димче Арсовски или во спротивно најави дека ќе поднесе тужба за клевета.

Инаку, Арсовски истакна дека согласно трите договори за јавна набавка, кои што се исцрпени за само 103 дена 11 милиони денари, дневно додека траела реализацијата, се трошеле 106.796 денари, што практично е неизводливо.

ВМРО го обвини Георгиевски дека испумпувал пари од Гази Баба

Поврзани новости