На пораките што деновиве ги разменуваат актуелниот и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Никола Груевски, се приклучи и Љубчо Георгиевски, кој своевремено беше на кормилото на истата политичка партија.
Георгиевски имаше порака до бегалецот кој од Будимпешта ги разгоре политичките страсти во земјава:
„Порака до Груевски:
Се што ми напрaви мене, сега ти го прават тебе. По учебникот кој им го остави. Само очигледно тие што ми беа лојални беа далеку помногубројни.
Порака до ВМРО-Шумадија:
Многу мал чекор треба да направите за да му помогнете на вашиот довчерашен лидер,што единаесет години ви даваше власт.
Да им помогнете на уште петнаесетина ваши сопартици кои лежат по затворите вклучувајки ги и од 27.
Да и помогнете на Македонија на патот до Европа“ пишува Георгиевски на Фејсбук.