Георгиевски: Бугарија сака да не победи со 10:0

by Фокус

Мораме прво да бидеме самокритични дека во изминатите децении не сменивме ништо, со мали исклучоци, останавме со старата реторика и приказна кон Бугарија, смета поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен лидер на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски.

-Во моментот кога дојде премиерот Зоран Заев за да се смени политиката и затоплувањето, Бугарија реши да заигра тврдо со три акти кои се доста груби и сурови кон Македонија. Прво беше Декларацијата во бугарското собрание, Меморандумот до ЕУ и на крај самото вето – рече Георгиевски во емисијата „Трилинг“.

Според него, во последно време настана трка околу Гоце Делчев.

-Пред ветото, имаше добра позиција од македонска страна преку државниот врв дека Делчев е заеднички херој. Тоа беше невидена отстапка дека делиме заеднички херој. Бугарската страна од Историската комисија не сфаќа каква шанса добила кон доаѓање на некоја релативна вистина. Кај нив преовладува атмосфера кај што Македонија треба да се победи со 10:0 – посочува Георгиевски.

Тој наведува дека Ванчо Михајлов, Тодор Александров и Борис Сафаров се залагале дека во Македонија живеат македонски Бугари.

-Кога ќе ги погледнете биографии и историите, ќе видите дека Ванчо Михајлов се определувал како и првиот претседател на ВМРО, Христо Татарчев. Тој е претседателот на Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Никола Карев. Дисквалификуваме луѓе од македонската историја поради само еден документ што ќе им го најдеме. Најголемата хистерија ја крена ВМРО-ДПМНЕ. Тие во својата програма имаат три конгреси на Ванчо Михајлов. Ванчовистите биле единствените што се бореле за независна Македонија во титово време – информира Георгиевски.

Поврзани новости