Ако се дозволат законски интервенции за Судскиот совет, но и за други тела кои претставуваат уставна категорија, тоа ќе биде лоша порака и лоша пракса за во иднина, вели претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев, кој дојде на оваа позиција по контроверзното разрешување на дотогашната претседателка Весна Дамева.
Тој ова го кажа во интервјуто за ТВ Сител, коментирајќи ја најавата на министерот за правда Кренар Лога за можен престанок на мандатот на сегашниот состав на Судскиот совет со законски преодни одреби.
„Право и обврска е на министерот за правда да дава законски предлози и решенија до Собранието и ќе останам без коментар во врска со тоа. Но, морам да потенцирам дека доколку се дозволи со некакви законски интервенции за Судскиот совет како тело, и за други тела коишто претставуваат уставна категорија, тоа ќе биде една лоша порака и лоша пракса за во иднина“, изјави Георгиев.