Георгиев: Прекин на мандатот за мене е многу реално

by Фокус

Претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев вели дека доколку Оценската мисија на Европската унија заклучи дека Судскиот совет треба да биде распуштен, ќе ја почитуваат таа одлука.

-За мене зборувам, нема проблем. Ако е таква перцепцијата, ако е тоа препорака од релевантен фактор, тогаш нема дилема. Ништо не е вечно, тука сме да го спроведеме тоа. Прекин на мандатот за мене е многу реално ако се цени дека сето тоа ќе придонесе за да ги подобри состојбите за да имаме некаква доверба – истакна Георгиев на 360 Степени.

За случајот со судијата Енвер Беџети, кој е казнет со парична казна, а не и со разрешување, затоа што повеќе месеци во фиока го чувал предметот за незаконското прислушување, Георгиев појасни дека немало доволно гласови за негово разрешување.

-Најмалку осум гласа е потребно за да се донесе одлука за разрешување на судијата, а во овој случај немаше осум гласа. Кога е ваква состојба, согласно законот, се продолжува да се оди прво со дисциплинските мерки коишто се изразени во парична казна од 15-30 проценти и најамалата казна е изразување јавен укор или опомена. Во случајов осум гласа доби намалување 20 проценти од платата во период од шест месеци – посочи Георгиев.

Поврзани новости