Поранешниот потпретседател на СДСМ, Гордан Георгиев попладево на својот Фејсбук профил објави реакција на распишаниот консултативен референдум за Договорот со Грција.
-Кој би го одредил цензусот за нашата консултација, зошто воопшто да гласаме? 100 илјади гласови ЗА и ниеден глас ПРОТИВ ќе бидат ли доволно добра консултација? А 200 илјади? 500? Колку? Каков легитимитет бараме преку консултативен референдум? Бидејќи јасно е дека „консултацијата” не создава легалитет. Тогаш поцелисходно е да се оди на предвремени парламентарни избори и да се бара 2/3 мнозинство за уставни промени. Бидејќи ако основното (затскриено) барање на ВМРО-ДПМНЕ е амнестија, тогаш зошто би гласале пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за уставни промени после консултативен референдум? Да не биде на крајот и консултативен референдум во вода, и предвремени избори на површина. Македонијо партал си, пишува Георгиев.