775
Градоначалникот на Охрид, Костантин Георгиески е загрижен за ситуацијата со корона вирусот во неговиот град, каде се зголемува бројот на заразени од Ковид-19.
„Мерките беа олабавени во изминатите два месеци. Угостителските објекти работеа и тоа доведе до зголемување на бројот на заболени. Најчесто се заразени лица од 20 до 40-годишна возраст, што ме загрижува. Јас мислам дека додека се полнат рестораните, ќе се полнат и болниците во Охрид“, истакна Георгиески.
Од почетокот на пандемијата, во Охрид се заболени вкупно 3621 случаи, додека пак активни се 455 лица кои биле во контакт со вирусот.