Генералштабот на Украина: Русија досега изгуби 2.800 војници, добредојдовте во пеколот!

by fokus

Генералштабот на Армијата на Украина во најновото соопштение со информации до 16 часот вели дека рускиот окупатор ја продолжува офанзивната операција против Украина во претходно избраните области со поддршка на оперативно-тактички авиони со долг дострел и со употреба на високопрецизно оружје со долг дострел.

-Групи на вооружените сили на Украина заедно со силите за територијална одбрана ја држат одбраната на градот Киев и претходно дефинираните граници.
Непријателот подмолно нанесува воздушни и артилериски удари врз цивилната инфраструктура.
Руските војници продолжуваат да трпат загуби во персонал и опрема, велат од Генералштабот.

Генерштабот на украинската Армија соопштува дека од почетокот на инвазијата на Руската Федерација од страна на вооружените сили на Украина, уништени се:
тенкови – до 80 единици,
оклопни борбени возила од различни видови – 516 единици,
хеликоптери – 7,
авиони – 10,
крстаречки ракети – до 20,
возила- повеќе од 100,
персонал – повеќе од 2800 луѓе.

Добредојдовте во пеколот!, порачаа од Армијата на Украина.

-Непријателските разузнавачки и диверзантски групи дејствуваат подмолно, се маскираат во цивилна облека и се инфилтрираат во градовите со цел да ја дестабилизираат ситуацијата со изведување диверзантски операции.
Операцијата на здружените сили продолжува да држи позиции во областа.
Придружете се на редовите на вооружените сили на Украина и силите за територијална одбрана на вооружените сили на Украина!
Земјата под нозете на окупаторот ќе гори како што гори руската опрема!, се вели во соопштението од Генералштабот.

Поврзани новости