Генералштабот на српската војска побарал од КФОР итно да ги заштити србите на Косово

by Fokus

Началникот на Генералштабот на Војската на Србија, генерал Милан Мојсиловиќ, денес се обрати до срспката јавност во вонредно обраќање за состојбата на Косово, пренесуваат српските медиуми.

„Сакам да ве информирам дека српскиот народ на Косово и Метохија е изложен на страшен погром од приштинскиот режим на Аљбин Курти. Србите се секојдневна мета на Аљбин Курти. Единствена вина им е што имаат српски имиња и презимиња, а веројатно и што не сакаат да го напуштат своето огниште. Теророт што го спроведува режимот на Курти веќе не може да се издржи ниту физички“, изајви Мојсиловиќ.

Тој рече дека поради коректната и професионална соработка од командантот на КФОР побарал да преземат итни мерки за заштита на српскиот народ на косово.

„Согласно сите факти и поради коректната и професионална соработка што ја имаме, го информирав командантот на КФОР дека со голема вознемиреност ги следиме настаните и бараме да се преземат итни мерки за заштита на српскиот народ и неговото право на опстанок. . Ова е нашата молба до единиците на КФОР, целиот КФОР и другите меѓународни безбедносни институции на Косово и Метохија“, изјави Мојсиловиќ.

Поврзани новости