487
Во сите избори кои се случиле во Македонија, биле проследени со низа инциденти, интервенции на полицијата и тензична атмосфера на гласачките места низ државава.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев апелираше, сите граѓани кои ќе се заплашуваат или им се закануваат, истото да го пријават веднаш.
„Во недела не дозволувајте да ви се заканат и да ве заплашат. Снимајте ги. Документирајте ги. Пријавете ги и информирајте нѐ. Ќе ви помогнеме. За секоја нерегуларност ќе се одговара за многу брзо“, порача Јанушев.