Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во интервју за шпански „Ел Паис“ оцени дека „во овој момент“ не се можни мировни преговори за ставање крај на војната во Украина.
„За жал, не мислам дека во моментов се можни мировни преговори. Не гледам никаква можност за постигнување глобален прекин на огнот сега“, рече Гутереш.
Тој нагласи дека се надева дека во иднина ќе биде можно да се доведат Русија и Украина на преговарачка маса.
„Јасно е дека двете страни се целосно вклучени во војната„ и убедени дека можат да победат“, рече генералниот секретар на ОН.
Русија денес го одбележува Денот на победата над нацистичка Германија во 1945. Пред илјадници руски војници и политички елити на Црвениот плоштад во Москва, претседателот Владимир Путин ги обвини западните земји дека организираат „војна“ против Русија и им се заблагодари на хероите што се борат во Украина.