373
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во среда и во четврток (17 и 18 јануари) ќе престојува во дводневна посета на Република Македонија. Во рамки на посетата Столтенберг ќе оствари средби со државниот врв, со министри, како и со некои од претседателите на политичките партии.
Во рамки на посетата, предвидена е и заедничка прес-конференција на генералниот сСекретар, Јенс Столтенберг со претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во четврток (18.01), во 16 часот во Владата на Република Македонија.