413
Фудбалерот на Црвена Звезда, Милан Павков деновиве е во центарот на фудбалската јавност на Балканот. Тој со два погодоци го сруши гигантот Ливерпул, носејќи победа за српскиот тим.
Генералниот директор на Звезда, Звездан Терзиќ, порача дека Павков има голема поддршка од играчите и не треба да му се става огромен товар на грбот.
„Павков е скромно момче. Тој потекнува од работничко семејство. Треба да го сотавите да се радува на погодоците кои ги постигнува. Не треба да му се става товар дека е Меси. Павков ја има целокупната поддршка од соиграчите и целото раководство на тимот“, истакна Терзиќ.
фото – MN PRESS