1K
Македонската фудбалска репрезентација и официјално го закажа првиот, а можеби и единствен тест-дуел пред почетокот на Европското првенство. На 1 јуни во Скопје доаѓа селекцијата на Словенија.
Средбата ќе се игра на „Тодор Проески“ со почеток во 18 часот, потврди за МИА, Златко Андоновски, портпаролот на Фудбалската федерација на Македонија.
Се очекува селекторот Игор Ангеловски до овој натпревар да ги одреди 26 фудбалери кои ќе патуваат на ЕУРО 2020.
„Црвено-жолтите“ на 13 јуни во Букурешт ќе играат со Австрија, четири дена подоцна исто така во романската престолнина ќе се сретнат со Украина, додека третиот натпревар од групната фаза ќе ги имаат на 21 јуни во Амстердам против Холандија.