Генерал обвинет за тортура е избран за нов претседател на Интерпол

by Fokus

Генерал од Емирати обвинет за тортура е избран за нов претседател на Интерпол, и покрај критиките од организации за човекови права и членови на Европскиот парламент.

-Ахмед Насер ал-Раиси од Обединетите Арапски Емирати е избран за нов претседател, соопшти Интерпол на Твитер.

Шефот на безбедносните сили на ОАЕ ќе јз иавршува оваа функција во наредните четири години. Оваа функција е главно церемонијална и доброволна, а со секојдневните активности на организацијата раководи генералниот секретар Јирген Шток, кој во 2019 го доби вториот петгодишен мандат.

Ал-Раиси, кој го надгледува и затворскиот систем во својата земја, е предмет на повеќе тужби за тортура во Велика Британија, Шведска, Турција, Франција и Норвешка.

„Изборот на Ал-Раиси ќе го поткопа угледот на Интерпол и сериозно ќе се одрази врз способноста на организацијата ефективно да ги спроведува своите мисии“, предупредија тројца европарламентарци.

 

Поврзани новости