Генчовска најави почитување на бугарската Декларација за Македонија

by fokus

За време на примопредавањето на должноста од техничкиот министер за надворешни работи Светлан Стоев, новата министерка за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска рече дека во оваа фаза нема да има промена на ставот на Бугарија и дека ќе се придржува до Договорот од 2017 година и декларацијата на Националното собрание.

Техничкиот министер за надворешни работи Стоев рече дека македонската страна треба да разбере дека тоа не е прашање што може да се реши со надворешен притисок, туку само со билатерален дијалог.

Коментирајќи ги односите меѓу Бугарија и Северна Македонија, Стоев рече дека одговорите на пакетот 5 + 1 биле презентирани на министерскиот состанок на НАТО во Рига. Тој истакна дека Бугарија вршела дополнителен притисок во последните денови пред самитот на ЕУ оваа недела, бидејќи прашањето не било решено за време на преодната влада.

 

Поврзани новости