Генчовска испрати протестна нота до Македонија

by Fokus

Бугарското МНР упати нота до Северна Македонија поради бројните манифестации и пароли насочени против Бугарија во последните денови, информираат на веб-страницата на Министерството за надворешни работи.

Се изразува длабока загриженост за она што се случува, што е и одговор на распространетиот антиевропски наратив против воспоставувањето на добрососедски односи меѓу двете земји.

-Особено загрижувачки е што злонамерните дела на јавниот простор ескалираат во време кога Софија и Скопје активно бараат начин за конструктивен дијалог и изнаоѓање трајни заеднички прифатливи решенија во интерес на европската интеграција на Република Северна Македонија и регионот. Веруваме дека ваквите настани ќе станат дел од минатото, а нашите две земји ќе успеат да отворат нова страница во односите, засновани на меѓусебно почитување и искрено пријателство, пишува во нотата на МНР.

Поврзани новости