Гејтс: До следното лето ковид 19 ќе биде на ниво на обичен грип

by Fokus

Американскиот милјардер и основач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс тврди дека до средината на следната година ковид-19 ќе предизвикува помалку смртни случаи од обичен грип.

„Во средина на природниот имунитет, имунитетот стекнат со вакцините против коронавирус и благодарение на новите терапии, стапката на смртност треба драстично да се намали“, вели Гејтс за „Блумберг“.

Исто така, фармацевтските компании „Мерк“ и „Фајзер“ имаат развиено пилула против ковид и смета дека сите овие работи ќе влијаат пациентите да добијат навремена терапија, откако ќе се утврди присуство на коронавирус.

 

Поврзани новости