1.9K
Сопственикот на фирмата „ИГМ Трејд“, Илија Гечев во вечерашното гостување на Телма беше навреден од прашањата на водителката Снежана Лупевска за настраданите работници во неговата фирма.
-Како смеееш вакви прашања да поставуваш на најуспешната фирма „ИГМ Трејд“? Какво е ова истражувачко новинарство? Ја кажувате само едната вистина. Вистината има две вистини. Што е ова, ти сакаш да правиш спектакл од ова. Знаете ли колку вреди „ИГМ“ за македонската економија?, рече Гечев.