688
Рускиот енергетски гигант Газпром, што извезува гас од Русија, утрово информираше дека и понатаму испорачува руски гас во Европа, „во согласност со барањата на клиентите“.
-Побарувачката на Европа за ресурси, денеска се зголеми, објави Газпром.
Во соопштението се додава и дека гасоводот, што минува низ Украина, сè уште е во функција.
Објавата на Газпром доаѓа во време кога сè погласни се барањата, Западот целосно да ја прекине зависноста од руската енергија, првенствено од нафта и гас.