Газпром: Продолжуваме да испорачуваме гас за Европа преку Украина

by fokus

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ соопшти дека продолжува да испорачува гас за Европа преку Украина.

Компанијата посочи дека испорачаната количина преку Украина на мерната станица за гас „Суџа“ е на одржливо ниво од околу 42,2 милиони кубни метри. За денеска изнесува 42,2 милиони кубни метри наспроти 42,1 милион вчера, што е благ пораст.

„Газпром“ додаде дека Украина го одбила барањето за снабдување со сино гориво преку мерната гасна станица „Сохрановка“.

Поврзани новости